(Видео) Со само една состојка жолтите јајца направете ги бели – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/22 11:47 AM

(Видео) Со само една состојка жолтите јајца направете ги бели

Доколку не можете да најдете бели јајца или пак, ви се прескапки – има решение. Доволно е да примените еден генијален трик кој ќе ви одземе само неколку минути, а добрата вест е и дека ви е потребна само една намирница.

За почеток, во длабоко тенџере сипете вода и природен алкохолен оцет во размер 1:1, а количината ќе зависи од големината на тенџерето и бројот на јаца, со оглед на тоа дека течноста треба да ги покрие сите јајца за да може рамномерно да се избелат. Ставете ги јајцата во тенџерето, постепено зголемувајте ја температурата на ринглата, а откако водата ќе почне да врие, варете ги јајцата уште седум минути.

Во текот на варењето ќе се појави пена во водата. Неа тргнете ја со помош на лажица и ќе забележите дека пигментот од жолтата лушпа на јајцата всушност останува во таа пена.

Кога јајцата ќе се сварат извадете ги од вода, а остатокот од жолтата боја на лушпата измијте го со вода со помош на сунѓерче. Кога жолтата боја целосно ќе падне, оставете ги јајцата да се изладат и ќе имате совршена бела подлога за вашите декорации.