Кристијано и Георгина пред неколку дена објавија дека го изгубиле синчето, едно од близначињата кое по раѓањето починало.
Кристијано и Георгина добија поддршка од целиот свет, но најмногу вчера на стадионот Енфилд.
Манчестер Јунајтед му гостуваше на Ливерпул, но Роналдо не настапи. Навивачите од трибините, пак, му дадоа знак на поддршка.
Во седмата минута симболично го означија бројот на неговиот дрес и му дадоа громогласен аплауз.
Додека аплаудираа од трибините се слушаше химната на Ливерпул „You’ll never walk alone“.