ВМРО-ДПМНЕ поднесува кривична пријава за Заев за поткуп на гласачи – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/18 3:42 PM

ВМРО-ДПМНЕ поднесува кривична пријава за Заев за поткуп на гласачи

ВМРО-ДПМНЕ поднесува кривична пријава против Зоран Заев.

Бараме Републичкиот Јавен обвинител, да излезе од сенката на пупката која Зоран Заев ја „расцвета“ во правосудниот систем, и да постапи согласно член 39 од Законот за кривична постапка при што ќе отвори истрага за наводите во кривичната пријава која ја поднесуваме – појасни денеска на прес конференција членот на извршниот комитет на партијата, Димитар Димовски.

„Во кривичната пријава, го известуваме Јовески дека на ден на 13-ти септември, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, јавно, на трибина во Крива Паланка, им ветувал поткуп за гласање на граѓаните во општина Крива Паланка, за да излезат да гласаат на референдумот, кој ќе се одржи на 30-ти септември оваа година. ВМРО-ДПМНЕ го известува Јавниот обвинител дека преку допрен глас од јавно објавена видео снимка, Премиерот Зоран Заев јавно кажува дека сопственикот на странската компанија Минстрој побарал од работниците да гласаат на референдумот и затоа им ветил дека ќе им даде парична награда доколку го сторат истото. Таквото незаконско постапување и дејствија на претседателот на Владата Зоран Заев, за што постои и видеозапис, содржат низа елементи на повеќе кривични дела и тоа: Повреда на слободата на определување на гласачите (чл.160 од КЗ) и поткуп при избори и гласање (чл.162 од КЗ)“, додаде Димовски.


Партијата ВМРО-ДПМНЕ во кривичната пријава бара од Јавниот обвинител во рок од осум дена, како подносител на пријавата да биде известена за превземените постапувања и исходот од нив.