Советничката од Левица во Советот на Општина Штип си поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/22 2:03 PM

Советничката од Левица во Советот на Општина Штип си поднесе оставка

На денешната седница на Советот на Општината Штип беше прифатена оставката на советничката од Левица, Сенада Ибраимова, која неодамна поднела писмено барање. Пред советниците и штипската јавност не беше образложена причината, туку како што објасни претседателката на Советот Весна Карагунова – Кожинкова, законот налага оставката да се прифати.

Побаравме одговор од прес службата на партијата Левица, од каде стигна кратко објаснување дека Ибраимова е ангажирана во партијата на централно ниво и продолжува да работи со Скопје.

На нејзино место доаѓа Ангеле Михајловски, професор на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој на Локалните избори 2021, беше втор на листата на Левица.

Ибраимова до сега во штипскиот Совет делуваше самостојно, застапувајќи ги ставовите на Левица. Мнозинството со 13 советници го има коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, втора по број е коалицијата на СДСМ со девет и еден советник на Левица. ВМРО ДПМНЕ до сега со утврденото мнозинство нема проблем со донесување на одлуките.