(Видео) Секоја победа на Македонија се слави со песна од „Меморија“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/22 1:43 PM

(Видео) Секоја победа на Македонија се слави со песна од „Меморија“

Песните на поп-рок групата „Меморија“ како да се предодредени да и бидат судбински на Македонија.

Не станува збор самоз а сега туку за цели 30 години независност. песните на „Меморија“ се дел од најголемите спортски успеси на земјата.

На 8-ми септември 1991-та кога на градскиот плоштад во Скопје е прогласена независноста на бина на плоштадот во Скопје загрмеа звуците на песната „Македонија“ и настап „Меморија“!

Лани, кога Македонија безбеди прв историски пласман  ЕП во фудбал, македонските навивачи на улиците на Букурешт каде што Македонија ги играше првите натпревари, одново ја загреваа атмосферата со песна на „Меморија“, пеејќи го во еден глас нејзиниот голем хит „Дирлада“.
По првиот натпревар кој иако го загубивме на улиците на романската престолнина од грлата на навивачите ечеше „Оган под ѕвездите“…

Вчеравечер, пак, повторно во Скопје, во соблекувалните по натпреварот на нашите ракометари и победата над чешка во клучниот бараж натпревар и пласманот на Светското првенство.
Се сплотија грлата и емоциите и се прослави успехот со „Оган под ѕвездите“!

Песните станаа неофизијална химна кои спонтано се пеат од плоштадите, улиците, трибините, соблекувалните, секогаш кога душата се радува, спонтано се слави со песна на Меморија!