Дерматолог ги открива најчестите грешки кои ги правиме во пролетните месеци – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/22 5:05 PM

Дерматолог ги открива најчестите грешки кои ги правиме во пролетните месеци

Пролетта стигна, а со неа доаѓа и поголемата изложеност на сонце. Сепак, претераната изложеност може да биде штетна за вшата кожа, па имајќи го тоа предвид д-р Рос Пери открива кои се најчестите грешки кои ги правиме во пролетните месеци, а кои може да бидат опасни кога се работи за нашата кожа.

„Сонцето во април може да биде силно како во август. Луѓето често може да бидат измамени од свежиот ветер, но УВ зраците се подеднакво интензивни и голема е веројатноста кожата да ви се оштети од сонцето“, вели д-р Пери. Сончевите зраци исто така, честопати се причина за рак на кожа. Колку е поголема вашата заштита од сонцето, толку е помал ризикот да ја добиете оваа болест, вели докторот предупредувајќи на најголемите грешки кои луѓето ги прават во пролетните месеци.

Не нанесувате крема за заштита од сонце

Често се поставува прашањето дали треба да нанесуваме крема за сончање на лицето во текот на целата година, а одговорот според овој доктор е „да“! СПФ треба да се користи во текот на пролетните месеци, па дури и во текот на целата година. Многу луѓе не веруваат дека може да изгорите на сонце во раните пролетни месеци, но тоа едноставно не е случај. Дури и ако немате изгореници од сонце за време на пролетта, сончевите зраци придонесуваат за стареење на вашата кожа иако тоа не е веднаш воочлибо. Но со текот на годините, ненанесувањето крема за сончање ја забрзува појавата на брчки.

Нанете крема за сончање барем 15 минути пред да излезете надвор на сонце.

Слаба заштита на веќе изгорена кожа

Ако забележите дека кожата ви е изгорена, веднаш преземете мерки.

„Најважно е откако ќе сфатите дека имате изгореници, веднаш да се тргнете од сонце, а потоа да нанесете хидратантен лосион од алое вера или друг смирувачки лосион. Исто така, важно е изгорениците од сонце да ги третирате со ладни облози во првите неколку часа.

Не пиете доволно вода

Пролетниот топлотен бран може да биде шок за организмот, па и за самата кожа. Луѓето ја потценуваат количината вода што би требало да ја испијат во текот на денот. Многумина знаат да се изненадат кога ќе излезат надвор да вежбаат откако тоа го правеле со месеци во затворен простор, не мислејќи дека можеби ќе им биде потребна заштита од сонце, или пак шише вода при рака. Пиењето вода е клучно за избегнување тополотен удар кој може да биде ризичен за постарите или за луѓето со здравствени проблеми.

Претерана изложеност на сонце поради витамин Д

Д-р Пери вели дека луѓето одбиваат крема за сончање поради витаминот Д кој во телото се создава благодарение на сончевата светлина. Докторите сепак ја нагласуваат важноста на внесот на доволно храна за здравјето на коските и мускулите.

Приближно од крајот на март / почетокот на април до крајот на септември, повеќето луѓе би требало да можат да го произведат целото количество витамин Д што им е потребно од сончевата светлина на нивната кожа. Некои луѓе нема да произведат доволно витамин Д од сончевата светлина затоа што имаат многу мала или никаква изложеност на сонце“.

Според д-р Пери редовната изложеност на рацете и нозете во текот на вежбањето два до три пати неделно ќе биде повеќе од доволно за акумуплација на витаминот Д.

Фото: Илустрација / Pixabay

Извор: index.hr