Ќе стане мајка, името на бебето е смислено, а веќе се знае и венчалниот фустан – Марија Шерифовиќ полна со изненадувања – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/22 9:00 PM

Ќе стане мајка, името на бебето е смислено, а веќе се знае и венчалниот фустан – Марија Шерифовиќ полна со изненадувања

Марија Шерифовиќ  гостувала во емисија во која во живо учествувала нејзината многу добра пријателка, пејачката Јована Николиќ.

Јована решила да и остави порака на Марија која многумина ги заинтригира.
– Ние двете си кажавме сè, па немам многу да кажам, освен што сакам во блиска иднина да не ја распродава „Арена“, туку да менува пелена – рече Јована.
Марија прво се насмеала, а потоа одговорила:
– Колку е безобразна оваа Јована. Се шегувам… Ние двете сме многу, многу добри пријателки и поминавме многу заедно во овој живот. Така да, убава, ќе го земам ова во предвид – изјавила Марија за „Курир“.
Пејачката нагласила и дека ова е голем чекор за неа, па сака се внимателно да планира и нема да избрзува додека не биде сигурна дека е вистинско време да му се посвети на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

– Генерално, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу плански начин, кога ќе бидам подготвена да ја потчинам суштината на мојот живот на Шерифовиќ помладиот. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам – додаде Марија Шерифовиќ.
Марија признала и дека може да се замисли себеси во венчаница.

-Ми изгледа маестрално. Не замислував запросување, но имав венчаница и одлично ми стои. Дефинитивно ќе земам Валентино од 20 метри зад мене и сигурно ќе биде една од најубавите венчаници што луѓето ја виделе – додала низ смеа.