Изедовте голема количина храна за Велигден? Со детоксикација ослободете се од надуеноста – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/22 4:48 PM

Изедовте голема количина храна за Велигден? Со детоксикација ослободете се од надуеноста

За време на продолжениот празничен викенд по повод Велигден сите се опуштаат и се честат со храна во големи количини, а враќањето во рутина по овие неколку денови не е едноставна бидејќи нивото на енергија од внесениот шеќер е доста ниска, додека во меѓувреме може да се јави и чувство на подуеност.

Нутриционистката Сузи Бурел за Дејли Мејл открива како да се ослободите од ваквото чувство и како да се вратите во рутина. За да го исчистите телото од се’ она што сте изеле, најдобро би било неколку дена да јадете овошје и зеленчук, житарици, суво овошје и јатки. Во вашиот организам внесете поголема количина на зелен лиснат зеленчук како зелка, блитва, спанаќ или кељ. Најдобро би било ваквиот зеленчук да го консумирате сиров или пак да го приготвите на пареа со што е можно помала количина на сол, зашто во спротивно ќе забавите процесот на детоксикација.

Во меѓувреме може да сварите леќа, грав или грашок во комбинација со ореви, или семки од тиква. Секако, со јатките и семките треба да бидете внимателни бидејќи тие се доста калорични. Она што ќе ви помогне во детоксикацијата се зеленчуковите супи и салатите, како и чаевите. Неколку дена избегнувајте внес на шеќери преку колачи за да може да си ја вратите енергијата и да се ослободите од науденоста. Нутриционистката вели дека ваквиот начин на детоксикација е добра лекција дека никогаш не треба да се прејадувате.

„Одлично е да ги научите децата самите себе да се регулираат и да знаат кога им е доста храна. Веројатно во текот на празничниот викенд е сакаат да јадат многу чоколади и колачи и во ред е да ги потсетите дека таквата количина ќе треба да ја намалат“, додава таа.

 

фото: Илустрација / Designed by Freepik

Извор: hr.n1info.com