Захарова: Русија нема да реагира на барањата на САД за нови инспекции – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/18 10:06 AM

Захарова: Русија нема да реагира на барањата на САД за нови инспекции

Русија нема да реагира на американските барања да се извршат дополнителни инспекции во врска со хемиското вооружување, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Секако, нема да ги задоволиме, па дури ни да реагираме, на нелегитимните ултиматуми од Вашингтон да се организираат дополнителни инспекции во Русија врз основа на овој или оној американски закон“, додаде таа.

Според неа,таквите барања не се во согласност со Конвенцијата за хемиско вооружување.