Корисни трикови за бојадисување на велигденските јајца – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/22 10:00 AM

Корисни трикови за бојадисување на велигденските јајца

Се приближуваат празничните денови, односно периодот кога треба да ги бојадисуваме велигденските јајца, затоа е важно навреме да ги дознаете сите корисни трикови за да може вашата креативност да ја изразите максимално. Она со што се соочуваат повеќето луѓе пред бојадисувањето, е пукањето на јајцата, а тоа оневозможува тие да бидат бојадисани. Затоа е важно пред да ги сварите да знаете дека тенџерето не треба да го „пренатрупате“ со јајца. Иако некои луѓе тоа често го прават за да заштедат време, ваквиот чекор всушност може да го отежни самиот процес.

Внимавајте на температурата

Она што е посебно важно е јајцата да не ги варите на највисока температура, туку на средна.

Свежите јајца помалку пукаат

Свежината на јајцата е лесно да ја одредите. Ставете едно јајце во чаша со вода. Доколку потоне, значи дека е свежо.

Оставете да се оладат пред бојадисувањето и украсувањето

Кога водата ќе почне да врие исклучете го шпоретот. Тргнете ги јајцата од оган три минути откако ќе ја исклучите ринглата. Потоа полека ставете ги во чинија со ладна вода, во која претходно сте ставиле една лажичка сол.

 

 

Извор: 24online.rs