Најдобриот македонски ракометар кој ја извршува и селекторската функција, Кирил Лазаров, по синоќешниот голем успех и пласманот на Светското првенство 2023, му оддаде признание на првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов.
Со Мукаетов на чело на Ракометната федерација на Македонија, организациското ниво е подигнато на највисоко ниво, а условите за сите селекции се беспрекорни.
– Почитуваниот господин Живко Мукаетов, таков претседател во вакво време, во вакви услови кои што ги имаме, личиме на модерна европска репрезентација, тешко дека ќе најдеме. Доколку се случи нешто ново, без никакво потценување на новиот, мислам дека ќе падне нашето нивото, организациски и сите услови кои ги имаме со чартери и со сите други работи. Ако се прашувам лично јас како селектор и играч, сум презадоволен, имаме од нивна страна од целото раководство, на чело со господинот Мукаетов максимални услови. Само треба да напредуваме играчки за да расте репрезентацијата не само организациски, истакна Лазаров.
Изјавата на Лазаров доаѓа по неодамнешната изјава на Живко Мукаетов дека е време во РФМ да дојде друг човек.
МИА