Ракометарите по осми пат ќе игра на Светско првенство – Македонија ја доби драмата против Чешка – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/22 9:00 PM

Ракометарите по осми пат ќе игра на Светско првенство – Македонија ја доби драмата против Чешка

Ракометната репрезентација на Македонија по осми пат ќе настапи на Светските првенства. Избраниците на легендарниот Кире Лазаров ја совладаа Чешка со 27-25 и изборија пласман на Мундијалот кој во јануари следната година ќе се одржи во Шведска и Полска.

Македонија постојано имаше контрола на резултатот, но Чесите во завршицата се доближија на минус еден гол што навести вистинска драма во преполната А1 Арена „Борис Трајковски“.

Пред 8.000 гледачи, раката на Талевски и Кузмановски беше смирена од линијата за седум метри и со два пенали Македонија успеа да се одбрани од налетот на Чесите.

На овој дуел од националниот дрес се прости борбениот Филип Миркуловски кој доби подарок од Ракометната федерација. Тој ќе остане асистент во стручниот штаб на Кире Лазаров кој наесен во квалификациите за Европското првенство исто така ќе се прости од играњето и ќе се пресели целосно на клупата на Македонија.

фото: Ракометна федерација на Македонија