Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шеф на преговарачкиот тим на Украина Михајло Подољак рече дека Украина добила оружје од Европа што не го побарала и дека се чека долго тоа да пристигне во земјата.
– Украина, откако побара оружје од Европа, не го доби она што го бараше и пристигнувањето на оружјето трае предолго, рече Подољак.
Претходно оваа недела, тој им оддаде почит на војниците кои го бранат опколеното јужно пристаниште Мариупол, но призна дека снемуваат резерви.
– Тие се борат под бомби за секој метар од градот. Ја принудуваат Русија да плати превисока цена, рече Подољак.
МИА
Фото: Твитер