Дојдовме да кажеме дека бугарското постоење во Северна Македонија е приоритет – Бугарска делегација на отворање на клубот „Иван Михајлов“ во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/22 3:52 PM

Дојдовме да кажеме дека бугарското постоење во Северна Македонија е приоритет – Бугарска делегација на отворање на клубот „Иван Михајлов“ во Битола

Бугарска делегација денес пристигна во Битола каде присуствуваше на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“.

Претседателот Петков беше во друштво на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.

По интонирање на двете химни пред Центарот за култура гостите од Бугарија дадоа изјава:

-Многу се радувам што сум тука. Ветив дека следниот пат ќе се видиме тука. Бугарското постоење во Северна Македонија е приоритет.  Вие сте мост за односите мегу двете држави, двигател за односите да станат уште подобри.  Да го покажеме патот на Северна Македонија во насока на ЕУ. Сите ние осознавме дека ако не работиме заедно од двете страни на границата има опасност проблемките кои сме ги имале со години да продолжат.  Од друга страна има вистинска возможност аке се соединиме, ако си ги подадеме рацете имаме шанса да направиме вистински чекори напред.  И додека владите мора да работат по документи и по различни дипломатски стапки, кои треба да се направат, тука борбата е за срцата на народот, а тоа нема како да се случи на база на документи, туку на општи дејствија на сплотеност и на заедничка работа. Тоа што стана јасно и во Бугарија и кај вас е дека е време да кажеме дека ги тргаме разликите мегу нас бидејки стабилноста на Балканот, стабилноста на Бугарија и С. Македонија зависат од тие општи дејствија. Да си подадеме рака и овој регион да стане најбрзо растечкиот регион во Европа. Го можеме тоа. Ова што се случува во моментот има и добри и не толку добри страни, но време е да ги направиме следн ите чекори, рече Петков.

Пред новинарите се обрати и Јотова.

-Од сите возможни страни во Бугарија гледате како соиме зад таа национална позиција, а се е поврзано со вас. Затоа што првиот и најважен услов Северна Македонија да биде дел од ЕУ се вашите права, правата на Бугарите во Македонија, прави кои ако не се запазат Северна Македонија нема како да биде дел од европското семејство. Тоа дојдовме да ви го кажеме денес, рече Јотова.

 

Пред да пристигне бугарската делегација Сојузот на борците од Битола најави протест против клубот “Иван Михајлов“. Од Сојузот велат дека станува збор за историски лик кој претставува еден од најголемите експоненти на фашизмот.

Дел од Битолчани пред да пристигне делегацијата излегоа низ битолските улици со транспаренти како „Гробиштата се полни од бугарско пријателство“, „Гоце=Македонија“, „крвави ви се рацете“, „кога ќе признаете дека има Македонци и во Бугарија“, „фашистите пресоблечени во администратори“, „ве описменивме и други..