Дедо (70) од Скопје криел оружје и муниција дома како да е колекционер – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/22 10:33 AM

Дедо (70) од Скопје криел оружје и муниција дома како да е колекционер

Полициски службеници извршиле претрес кај скопјанец (70) пронајдено арсенал оружје.

-Звчера  полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф. (70) од Скопје. При претреси на полициските службеници извршени со наредба од Основен кривичен суд, на две локации кои ги користел С.Ф., пронајдени и одземени се оружје и муниција, и тоа: 1 карабин “Црвена застава”, калибар 8х57,  1 пиштол “Чешка зброевка” кал.7,65, 1 пиштол ‘Смит Весон’, кал.38 специјал, 20 куршуми кал.8х57, 36 куршуми кал.7,62 за карабин, 23 куршуми кал.38 специјал, 17 куршуми кал.7,65, куршум кал.7,62 за пиштол “ТТ-ЕЦ”, куршум кал.7,62 за автоматска пушка, каписла, лисици, палка на расклопување, информираат од МВР.

Притоа тој се сомничи дека сторил кривично дело по член 144 ст. 3 од Кривичниот законик, односно на 13.04.2022 упатил сериозни закани кон едно лице.  При претресот се обезбедени и други докази, а лицето со кривичната пријава против него е предадено на ОЈО Скопје, додека од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.