Амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје во акција за дарување крв и храна – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/18 8:49 AM

Амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје во акција за дарување крв и храна

На 18 септември, вторник, по повод Националниот ден на служба и сеќавање, Амбасадата на САД, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, ќе организираат крводарителна акција и акција за дарување на храна.

Националниот ден на служба и сеќавање започна да се одбележува во 2002 година, преку добротворни акции и гледајќи напред, да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември.

Дарителите на крв се добредојдени во Амбасадата на САД од 09:00 до 16:00 часот.

Целтта на овој настан е да се зближат луѓето од сите заедници, без разлика на нивните политички и религиски верувања, да се фокусираат на една заедничка цел.

Дарителите треба да бидат на возраст од 18 до 65 години и да имаат живеено во Македонија најмалку шест месеци. Дарителите, кои дарувале крв во последните четири месеци (за жени), односно последните три месеци (за мажи), нема да можат да даруваат крв.

Исто така, ќе се собираат конзервирани прехрамбени производи (погледнете го списокот подолу) и финансиски донации.

Препораки од Црвениот крст за прехрамбени производи:

Ориз, грав, леќа, сол, шеќер, брашно, пченкарно брашно, тестенини (макарони, шпагети), зејтин, конзервиран грашок, боранија и мешан зеленчук, конзервирана риба, бисквити, супи, конзервирано овошје, кечап.

Американските Катчиња во Македонија исто така ќе собираат донации во храна и облека во текот на целата недела од 11-18 септември, и тоа во следните локации:

  • Скопје – Гоце Делчев 14, Скопје
  • Битола – Центар за култура, Широк Сокак бб, Битола
  • Тетово – Дома на култура, Илирија бб, Тетово
  • Штип – “Вита Поп Јорданова”- бб, Штип
  • Струга – Партизанска 4, Струга