„Комерцијален текст“
Македонските ракометари беа на дофат на изненадување во Злин, против Чешка, сепак во Скопје донесоа нерешен резултат, 24-24 кој и понатаму ја става нашата репрезентација во предност, во плеј-офот за пласман на Светското првенство во 2023 година. Кире Лазаров беспоштедно ги предводеше македонските репрезентативци кон нова успешна епизода, а од Видеолотарија Касинос Австрија веруваме дека нашиот бренд амбасадор ќе даде сè од себе и во реваншот, в недела во салата „Борис Трајковски“, Македонија да оствари вредна победа.
По натпреварот Лазаров изјави дека можевме и многу повеќе, имајќи предвид дека Македонија водеше и со седум разлика (17-10), но на крај мора да бидеме задоволни со реми на гостински терен. Чешка е една квалитетна репрезентација, која одигра нерешено со европскиот шампион Шведска, на првенството овој јануари и можеби добро е што македонските ракометари добија будење, потсетување дека мора да го задржиме фокусот уште 60 минути, на реваншот во Скопје.
По една преспиена ноќ, за Видеолотарија Касинос Австрија кажа дека ќе биде од клучна важност за ракометарите како ќе пристапат на мечот од психолошки аспект.
„Одигравме квалитетен натпревар против сериозен противник во гости. Сè уште стојам на ставот дека Чешка е репрезентација која заслужува стравопочит. Какво било опуштање и дефокус може да нè доведе до проблеми во недела со ваква репрезентација. Психолошката подготовка за натпреварот ќе биде од исклучителна важност. Колективноста треба да нè краси и во недела доколку сакаме позитивен резултат. Очекувам потежок натпревар сега, отколку во Злин. Оптимист сум, но и многу внимателен со оглед на квалитетот на Чесите“, истакна Лазаров.
На секој no натпревар тој покажува дека годините не се пречка за професионалноста и за желбата, па на неполн месец до својот 42. роденден претставуваше константна закана за Чесите, постигнувајќи четири гола на првиот меч. Нема да биде многу поразлично и во Скопје, во недела, со забелешка дека сè ќе се случува пред очите на илјадници македонски фанови. Во медиумите се шпекулираше и дека тоа може да биде неговиот последен натпревар во дресот на Македонија, но Лазаров не сака да се става пред репрезентацијата и да ѝ одзема од фокусот во моменти кога целта е друга и јасна – пласман на Светското првенство.
„Со тоа се обидувам да не оптоварувам воопшто. Многу поважна е победата во недела отколку индивидуалните признанија и заслуги. Веќе еднаш реков дека ќе има време за такви работи. Се обидувам да се фокусирам од на најважното – пласман на Македонија на СП“, дополни Лазаров.
Македонските ракометари повеќе од една деценија се гордост на нашата спортска јавност, иако имињата и генерациите се менуваат. Со своето залагање и посвета, а водени од бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Кире Лазаров, веруваме дека имаат потенцијал да надминат секаква пречка.