„Не може да не разбере министер за земјоделие кој е од Крива Паланка“ – Протест на земјоделците во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 1:53 PM

„Не може да не разбере министер за земјоделие кој е од Крива Паланка“ – Протест на земјоделците во Струмица

-Ние не сме политичка партија, па сме се собрале и мамкаме што ќе ни текне! Не, ние сите сме чесни земјоделци, кој сака нашиот труд да биде платен, рекоа стумичките земјоделци, кои денес протестираа на плоштадот во Струмица.

-Секоја година се е иста песна. Штом ќе дојде откупот земјоделецот паѓа под психолошки притисок.  Зошто? Затоа шпто кога ќе оди да ја бере е една цена, кога ќе оди да ја вага е друга цена. Зошто? Па паднала цената, рече еден од земјоделците кој учествуваше на протестот и додаде:

-Зошто младиот свет ни бега? И ќе бегате деца, знам. Сите што имате пасоши за година две ќе побегнете од државава затоа што нема кој да ве штити. Ние немаме министер за земјоделие! Од каде е овој човек? Од Крива Паланка! Па Крива Паланка е најголемиот земјоделец во Македонија. Нека дојде да види како овој народ овде венее. Како си го дава производството без пари и не може да си ги покрие трошоците. Штета за вас младите. Држете се заедно и единствено без партиски притисоци. па ние сакаме да си го наплатиме нашиот труд. Ве повикувам сите заедно и здружено да бидеме заедно за да успееме за подобра иднина за децата, додаде тој, а потоа и се осврна на понудата за откуп на пченица.

-Како не им беше срам да понудат 2.500 денара за хектар пченица или пченка или сончоглед. Па ја заборавиле математиката. А градинарите ќе си рмбаме, ке копаме ке наводнуваме со „ефтините бенцини“ и ќе пропаднеме. Млади, здружете се и направете синдикат ама вистински, беше речено на протестот.

ММС