Бојан Јовановски – Боки 13 не згреши во најавата. Бизнисменот Орце Камчев и официјално на денешното рочиште соопшти дека ја повлекува тужбата за Зоран Милевски Кичеец. Со тоа, парите од Луј Витон ташната ќе ги бара од Бојан Јовановски и Катица Јанева од случајот Рекет. Камчев ги тужи и Обвинителството за организиран криминал на Вилма Рускоска и поранешното СЈО.
Адвокатот на Камчев, Александар Михајловски, објасни дека настаните покажале дека , како што рече, јасна е спрегата меѓу Јанева и Јовановски, кои заедно рекетирале бизнисмени.
„Тужената Јанева од т.н. СЈО на 13.10 2018 година одржа прес 16 месеци откако помина законскиот рок објавува истраги за случаите Империја, Поштенска банка и Базни станици. Сите предмети немале никаква допирна точка со предметот на работа на СЈО туку предмет биле незаконските прислушувани материјали за кое било формирано СЈО. Во сите предмети осомничени биле познати стопанственици. Веднаш потоа на сцена стапил Јовановски, кој бил во блиски релации со Јанева и пристапил кон овие стопанственици со барање за соработка, да платат реклами во 1ТВ. Очигледна била спрегата меѓу нив да се отворат предмети за бидат извлекувани средства. Од Камчев се барал да плати реклами, да финансира шопинг молови и старечки домови. Кога тоа го одбил на сцена стапува Јанева со предлог притвор“, рече на рочиштето адвокатот Александар Михајловски.
Бранителот на Јанева, Лазар Јанев рече дека повторувањето на една иста лага само го оттргна текот на постапката од законскиот пат.