Неправдата не боли до коска – Протест за небулозната пресуда за смртта на Викторија Николова – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 11:06 AM

Неправдата не боли до коска – Протест за небулозната пресуда за смртта на Викторија Николова

Возачот, кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ пред неколку дена беше осуден на три години затворска казна.

Оваа казна предизвика шок кај јавноста, бидејќи за такво дело оваа казна и за сите, а најмногу за семејството е небулозна.

Од таа причина денес пред Основниот кривичен суд семејствот, блиските, но и граѓаните изразија револт за пресудата, која е веќе обжалена од Основното јавно обвинителство.

-Бараме повторно и повторно правда за неправедната пресуда и неправдата која ни беше нанесена и се уште се нанесува. Ова е уште еден кренат глас до ова судство и неправдина која не боли до коска, оваа пресуда од судијката Љубинка Бошевска. Како да не сме луѓе. Како да не нема. Како да се кријат во нивните удобни фотељи, а трњето ние го газиме, ние патиме, ние губиме и човек и правдина и надеж. Бараме правдина за нашата сестра, ќерка, другарка и девојка. Бараме нова пресуда со реални очекувања зашто нема да запреме овде. Доста беше оваа торутура и ова лудило. Слушнете го нашиот глас зато за вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет, рече нејзината сестра Љиљана Николова.

На протестот се обрати и нивниот адвокат, кој исто така е револтиран од однесувањето на судството.

-Најголемата закана за правдата е неправда. А ја имаме во државава благодарение на судовите во изобилие веќе 31 година, а сега ја добивме и пред четири дена. На предметот за смртта на Викторија Николова и повредениот Леонид Даов, видовме дека ниту се битни законите, ниту владеењето на правото. За жал на улица бараме да се слушне гласот зашто пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас. Во законски рамки каде делото се карактеризира со умисла, казната е од четири до 20 години, каде нема ни процент придонес на пешаците, според доказите, а имаме казна под законскиот минимум. Затоа сметаме дека е апсолутна неправда. Апелција да го слушне гласот и да ги види доказите во постапката. Обвинителството го има предметот одработено максимално добро. Но, ова не е неправда само кон Викториија, туку кон сите. Оваа порака не е само за Викторија, туку за сите. Тие осум проценти за доверба на судството денес, по изреката на пресудата станаа нула. Ние како адвокати имаме проблем како да се бориме за правдата на странките кога некој друг ја стопира, рече Владимир Михајловиќ, адвокатот на семејството и додаде:

-Жалбата е поднесена вчера и она што го знаеме го знаеме од медиумите дека  олеснителните околности се небулозни. Затоа што си млад е повеќе од смешно и небулозно. Имаме 15 секунди каење и амнестија со де факто ослободителна пресуда од три години, која може да се преполови. Очекуваме повисока казна, во рамки на законот. Не бараме крв за крв, туку правдина и реална казна. Она што следува по Закон. Ние мора да веруваме во правда. Еве ја немаме во првиот дел на постапката и затоа апелираме Апелација реално да го погледне сите факти. А не обвинетиот да стане жртва, додаде адвокатот Владимир Михајловиќ.

(В.М.)