Графити против СОНК на градинката во општина Ѓорче Петров – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 10:29 AM

Графити против СОНК на градинката во општина Ѓорче Петров

„СОНК убијци на деца“ е еден од графитите со кои денеска целосно е исцртана градинката „Росица“ во општината Ѓорче Петров. Графитите со недолична содржина се упатени кон членовите на СОНК кои веќе петти ден штрајкуваат.

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски, соопшти дека случајот е пријавен во МВР.  Како што напиша на Фејзбук, очекува брзо пронаоѓање на сторителите.

-Досега невиден акт на вандализам. Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира, напиша градоначалникот Стојкоски.

СОНК на вчерашната прес конференција објави дека регистрирани се повеќе заплашувања и закани во повеќе градинки низ државата, што подоцна го демантираше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.