Преку повик и креиран настан на Фејсбук, Леонид Даов, момчето на прегазената Викторија Николова повикува на протест, претпладне во 10 часот. Даов ги повикува граѓаните заеднички, како што пишува, да се крене гласот за Викторија и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди.
-После пресудата од 11.04.2022 на Основниот Кривичен Суд Скопје, Викторија и Леонид не ја добија пресудата која е правична и праведна! Немаме владение на правото, немаме спокој на душите!
Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО!

На 15.04.2022 (петок) од 10:00 до 11:00 часот Ве повикувам пред Основен Кривичен Суд – Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата!, пишува Даов во повикот.
Да потсетиме, во понеделникот, 11 април, возачот, кој ја прегази Викторија беше осуден со три години затворска казна. Пресудата е веќе обжалена од Основното јавно обвинителство. Семејството и блиските на Викторија искажаа револт од одлуката.