„Многу ми недостигаш, те сака тато“ – Актерот Џон Траволта со емотивна порака се прости од синот – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 9:30 AM

„Многу ми недостигаш, те сака тато“ – Актерот Џон Траволта со емотивна порака се прости од синот

Најтешко за еден родител е кога ќе си го загуби детето.

Ова најмногу го чувствува и холивудскиот актер актер Џон Траволта, кој во 2009 година го загуби синот Џет, кој почина на 16-годишна возраст.

Несреќата се случи на семејно патување на Бахамите, кога доби напад за време на туширање, па падна и удри со главата на работ од кадата.

Него го пронашол домарот, а брзата помош можела само да констатира смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)


И по повеќе од една деценија од несреќата Траволта се уште не може да се соземе од големиот губиток. Денес, на роденденот на синот, тој напиша емотивна порака на Инстаграм.
– Најдраг моја Џети, не можам со зборови да опишам колку ми недостигаш. Секој ден мислам на тебе. Среќен роденден. Те сака татко ти – напиша во описот на заедничката црно-бела фотографија.