Преживеа неверство, ѝ се смееја на килограмите, ја викаа грда – Со здрав начин на живот Ева Лонгорија стана манекенка – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/22 7:00 PM

Преживеа неверство, ѝ се смееја на килограмите, ја викаа грда – Со здрав начин на живот Ева Лонгорија стана манекенка

Деновите кога интернетот поради нејзиниот изглед ја нарекуваше Ева Лонгорија најстрашна, денес конечно завршија.

Поранешната „очајна домаќинка“ би засрамила со својата фигура и помлади од себе, а на последните фотографии има само комплименти.

Таа позираше со синот во едноделен бел костим за капење, а на нејзиното тело немаше ни тронка вишок. Познатата актерка не ја симна насмевката од лицето, а во описот напиша:
„Лето, каде си? Ние сме подготвени!”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Ева навистина има „тело за бикини“, но тоа го должи на строгата диета и редовните тренинзи. Не е тајна дека по бременоста многу се здебели, а интернет троловите ги дочекаа нејзините папарацо фотографии „на нож“.

Ева често беше мета на критики бидејќи не изгледаше како во сериите што ја прославија, а поединци отидоа дотаму што ја нарекуваа „грда“.

Сега сопруг и е мексиканскиот бизнисмен, Хозе Пепе Бастон. Бракот на Ева со Бастон е трет по ред. Од 2002 до 2004 година беше во брак со актерот Тајлер Кристофер, а од 2007 до 2011 година беше со кошаркарот Тони Паркер. Нивниот брак заврши неславно кога Лонгорија дозна дека ја изневерил. Многумина потоа застанаа крај неа и ја сожалуваа за ситуацијата во која се најде, но како што и самата подоцна изјави, нејзиниот случај не требало да се жали. Сега е среќна покрај Пепе, а Ева вели дека тој навистина и е сродна душа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Нејзиниот сопруг и една од нејзините најблиски пријателки Викторија Бекам и биле најголема поддршка кога по бременоста се здебелила околу 20 килограми, а изгледала многу покрупно со оглед на тоа што е висока само 1,57 сантиметри.

Ева знаела дека мора многу да промени доколку сака да се врати на старата линија. Актерката се пошегува дека во тој период „јадела само воздух“. Наутро пиела црно кафе со белки и авокадо, а за ручек биле задолжителни зеленчуци и протеини на скара, како пилешко.

За вечера јадела супа, салата, чили, но акцентот бил ставен на вегетаријанската исхрана. И секако, ништо без вежбање. Трчаше секој ден, возеше велосипед и секако неизбежен е пилатес како и кардио вежби со тегови и јога.

Извор:stil.kurir.rs

Фото: Инстаграм