Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе бидат одбележани 50 години театарска дејност на Христо (Ристе) Миладинов.
Одбележувањето го организира драмското студио „Миладин“, Литургиската заедница при манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
По повод 50 години дејност на Ристе Миладин беседа ќе одржи професор д-р протопрезвитер Стефан Санџакоски, а ќе биде одигран и дел од драмата „Сириус“.
Во рамките на програмата ќе биде отворена изложба со фотографии од одиграни улоги на Ристе Миладин, а предвиден е и настап на хорот Калистрат Зографски.