Познатата срспка актерка, Ева Рас, како и секогаш отворено прозбори за она што се случува во Србија, како и за елитната проституција, за која вели дека треба да се легализира.
-Проституција има уште од почетокот на човештвото, а комунизмот што го имавме кој ја укина, а тоа е ненормален. Не знам, јас сум за тоа да се легализира, а не да се зборува за тоа. Прашина креваме кој е к*рва, па сите сме к*рви! Колку комшивки имате што се венчале од интерес, што е проституција? Што е тоа освен кога ќе ти понудат работа, кога имаш шеф што не ти се допаѓа и се грижиш да не те отпушти. Јас бев првата што се разголив во филм и затоа оваа примитивна средина рече дека не е ништо, дека ги соблеков гаќите и станав позната. Не сум во душата к*рва, имам идеја за тоа – рекла Ева и додала дека девојките се подготвени да се омажат за будала:
-Не мора да го прават тоа, не мора поради другарките да бидат во врска со некој кој не ги задоволува. Ако сакаат да бидат сами нека бидат сами, не со која било будала. Имам 82 години и гледам дека жените денес се подготвени да се омажат за најголемата будала – истакна актерката, рекла Рас за српските медиуми.