Ова е последната песна од нашиот проект на преработка на стари македонски песни, рекоа Мартин и Стефан од „Некст тајм“ на вечерашната промоција на спотот за „Кога паднав на Пирина“, во киното „Милениум“.
Двајцата рекоа дека ова не е класичен спот, туку филмски и навистина по аплаузот на преполната кино сала, се виде дека направиле вистинско дело. „Кога панда на Пирина“ е песна посветена за смртта на Јане Сандански, па од неговото убивање сцени играше професионален актер. Аранжманот на песната го изработи музичарот Николче Мицевски.
-Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди!!!, порачаа браќата Мартин и Стефан.
Пред да биде промовиран спотот тие во видео пораки ги објаснија создавањето на ова дело, кое навистина изгледа како филм.
Погледнете што направиле Мартин и Стефан со екипата на чело со Огнен Шапковски:
На промоцијата присуствуваа многу познати фаци од јавниот ѓивот, но и нивни блиски.
Погледнете ја галеријата направена од нашиот фоторепортер Вангел Тануровски:
(В.М.)