Ракометарите испуштија златна победа во Чешка, билет за Мундијалот ќе чекираат во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/22 10:14 PM

Ракометарите испуштија златна победа во Чешка, билет за Мундијалот ќе чекираат во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија  одигра нерешено 24:24 на гостувањето во Злин против Чешка во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство што ќе се игра идната година.

Избраниците на Кире Лазаров беа блиску до победата, но прокоцкаа седум гола предност во второто полувреме, а Кашпарек со гол на десет секунди до крајот се погрижи да не се вратат во Скопје со целиот плен. Ракометарите одиграа одлични 50 минути, но брзоплетоста во последните напади ги чинеше победа. Најдобри поединци во таборот на Македонија беа Филип Талески  кој уфрли пет погодоци, Лазаров и Георгиевски по четири, а Никола Митревски на голот имаше 11 одбрани.

Патникот на СП во Полска и Шведска ќе биде одлучен в недела во СЦ „Борис Трајковски“ кога ќе се игра реваншот.

извор: ММС

фото: РФМ