Манекенката и инфлуенсерка Кортни Клени (25), која за својата работа го користеше името Кортни Тејлор, била уапсена и префрлена во установа за ментално здравје откако го убила со нож своето момче.
По кавгата Кортни го избодела со нож Кристијан Обумсели (27), а соседите слушнале врева од луксузен стан во Мајами и повикале полиција. Кристијан бил префрлен во болница, но подлегнал на повредите поради голема загуба на крв, пренесува „ТМЗ“.
Веднаш откако го убила, инфлуенсерката објавила свои разголени фотографии на социјалните мрежи, а бидејќи најмногу заработувала од профилот OnlyFans, не било премногу чудно што прикачувала фотографии во костим за капење.
Таа на полицијата не го открила мотивот за убиството, но рекла дека сака да си го одземе животот, поради што, според законот во Флорида, итно била префрлена на опсервација во психијатриска установа.
Кортни ѝ е позната на јавноста од 2015 година од спотот на Џеј Зи и Бејби Рекс за планетарниот хит “Me, myself and I”, а само на Инстаграм ја следеа над два милиони луѓе.
View this post on Instagram