Има доволно залихи на зејтин, граѓаните не треба да купуваат непотребно, тврди Бектеши – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/22 8:56 PM

Има доволно залихи на зејтин, граѓаните не треба да купуваат непотребно, тврди Бектеши

“Mасло за јадење држава има доволно. Производителите на масло за јадење во државата имаат доволно залихи и суровини и во континуитет и непречено се одвива снабдувањето со суровини за производство на масло за јадење. По предлог на Секторот за трговија во Министерството за економија и врз основа на разговорите што ги имав со производителите и трговците пратив известување дека од денеска не треба да се продава масло за јадење на пакети или палети во маркетите и кај трговците на мало, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во Топ Тема на Телма Телевизија.
Министерот кажа дека по денешната средба со производителите и трговците, дошле до заклучок дека побарувачката е неосновано двојно зголемена.

“Граѓаните купувааат масло за јадење непотребно а со тоа ја зголемуваат и побарувачката за два пати повеќе од минатата година, а ние неколку пати укажавме дека со тоа ја влошуваат состојбата и влијае на цената. Во делот на зејтинот, денес имав можност да разговарам со сите производители и повеќето национални ланци на трговци на нашата држава, каде што се утврдени некои работи заради тоа што нема масло за јадење во рафтовите. Треба да се каже јавно, дека побарувачката од страна на купувачите е зголемена повеќе од два пати од просечната, од тоа што била минатата година и од тоа што била во претходните месеци, што значи дека се купува масло за јадење непотребно и тоа сум го кажал во неколку наврати дека може да ја влошува состојбата и да влијае и во цените на маслото за јадење”, ража Бектеши.

Бектеши кажа дека јкинувањето на царинската стапка од 29 отсто за увоз на масло за јадење, која беше донесена на последната седница на Владата, се однесува за билатералните договори кои ги имаме со одредени земји, а во рамките на ЦЕФТА и ЕУ и досега нема царина за таа намена. Смета дека цената на маслото за јадење ќе остане во рамките од 115 до 135 денари колку што е во моментов во маркетите, ако се земе во предвид дека веќе е обезбедено снабдување со суровини за производство на масло за јадење од Бугарија, а се очекува во текот на неделава да се укине и забраната за извоз на рафинирано и нерафинирано масло за јадење од Србија

Меѓу другите, министерот Бектеши повторно апелираше до граѓаните да не прават големи залихи поради страв од недостатоци, посочувајќи дека според податоците на Заводот за статистика, едно просечно семејство во Македонија може да потроши најмногу 3 литри масло за јадење.
Според министерот Бектеши, засега нема потреба од активирање на резервите, ниту на нафетните, ниту на стоковните, но ако има дополнителни ценовни шокови во делот на инпутите, Владата е подготвена да донесе дополнителни мерки за да го ублажи ударот.

“До овој момент нема потреба да се пуштат државните резреви и во делот на нафтата и стоковните зашто во континуитет има снабдуцвање со репроматеријали и суровини. Производителите велат дека имаат доволно залиха, а во делот на цената преземаме мерки. Ако е потребно и ако има дополнителни ценовни шокови во делот на инпутите, ние сме подготвени да донесеме дополнителни мерки за да го ублажиме ударот, истакна министерот, дополнувајќи дека се очекува оваа недела да се укине забраната за извоз на српско масло” кажа министерот.

Бектеши рече дека од 1 март се признаваат сите дополнителни инпути што ги имаат производителите, а до 31 мај се утврдени само профитните маржи. Целта е, напомена, никој да не работи со загуби.

“Зборувате за првата недела од март, сега веќе е средина на април и речиси 1,5 месец се спроведува таа мерка и немаме поплаки од трговците. Не влегуваат сите видови брашно, тестенини, од целосниот асортиман на еден маркет, не се ни два – три отсто од производите. Затоа, мерките се таргетирани и се пофалени и од Светска банка и од ММФ”, истакна Бектеши.

извор: министерство за економија