Во Америка почна судењето на Џони Деп и Амбер Херд, за време на кое актерот ќе се обиде да докаже дека не бил насилен кон поранешната сопруга, а сето тоа поради написот на Вашингтон пост во кој актерката тврдела дека е жртва на физичко малтретирање.
Деп поднесе тужба против Амбер Херд, обвинувајќи ја за лажење, барајќи отштета од 50 милиони долари, а адвокатите уште на првиот ден од судењето открија дека ќе докажат дека била насилна во бракот, како и дека користела лаги за да го оцрни нивниот клиент.
Првиот ден беше откриено дека Деп ја избегнувал за време на кавгата со Амбер, како и дека менаџментот „секогаш му изнајмувал друга хотелска соба кога патувале некаде, за да биде што подалеку од неа и нејзиниот гнев.”. Како причина ги навеле траумите од детството и лошиот однос на мајка му кон татко му, кој на ист начин ја избегнувал бесната сопруга.
Денеска сведочеше сестрата на Џони Деп, Кристи Дембровски, која со години е менаџер на нејзиниот помал брат.
Кристи открила дека таа и Џони биле најмладите во семејството и дека цело време играле заедно, а потоа раскажала какво насилство трпеле сите од својата мајка.
„Таа го навредуваше татко ни, го тепаше, а тој ќе се тргаше. Таа и нас нè тепаше и нè навредуваше – го викаше Џони едноок бидејќи како дете имаше проблем со едното око, па лекарите му го затвориле здравото око за да го зајакнат другото “, рече Кристи.
Кристи откри дека и покрај малтретирањето кое го претрпел како дете, секогаш се грижел за својата мајка.
„Подоцна, кога ѝ се слоши, тој ја пресели во Лос Анџелес, во куќа директно спроти него и ја посетуваше неколку пати на ден. Плаќаше лекари, медицински сестри, се грижеше за сè “, рекла Кристи, додавајќи дека за време на бракот на нејзиниот брат со Ванеса Паради, никогаш не видела или слушнала некаква кавга.
„Беа среќни. Беа пријатели. Нивната врска беше нешто посебно“.
Потоа на ред дошла Амбер… Кристи признава дека ја запознала на снимањето на филмот “Rum diaries” во кој била една од продуцентите и дека била пријатна со неа. Подоцна, кога нејзиниот брат стапил во контакт со неа, не се гледале сите толку многу, но во една прилика таа присуствувала на местото на настанот по состанокот со модната куќа Диор.
„Тие сакаа да го ангажираат Џони, имавме состанок со нив, а Амбер влезе во собата. Џони ѝ рече дека сакаат да го ангажираат, а потоа видов одвратност на нејзиното лице – „тебе да те ангажираат?! Зошто? Тие имаат стил, немаш стил“.
Кристи тогаш изјави дека не била сведок на тепачките кои наводно се случиле, но затоа почувствувала дека нешто не е во ред.
„Знаев дека се караат, па секој пат кога престојувавме во хотел изнајмував друга соба за Џони да има каде да се сокрие. Забележав дека се однесува исто како кога бевме деца, кога бегаше од нашата мајка. Исто како татко ми го стори тоа“.
Таа признала и дека кога нејзиниот брат ѝ рекол дека се оженил за Амбер, таа го молела Џони да размисли.
„Не сакав да брза, не беше во ред. Му реков барем на предбрачниот да потпише, да ги заштити децата на Лили Роуз и Џек, но тој не потпиша.
На прашањето на адвокатот зошто не е потпишан предбрачниот договор, Кристи рече: „Амбер не сакаше да потпише“.
Кристи открила дека ден откако нивната мајка починала во болница, дошла кај Џони да оди на погребот и да ја избере опремата за погребот а „тој се расправал со неа“.
„Беше нервозен, ми кажа дека се расправаат, а јас бев бесна – ден по смртта на мајка ми? Заминав сама, а подоцна, кога се вратив кај него, тој се пакуваше за да отпатува на промоцијата на филмот во Њујорк. Следниот ден Амбер поднела барање за развод. Бев шокирана од тајмингот кога го направи тоа. Потоа побара забрана за приближување – се згрозив… Нема зборови да опишам како се чувствувам. Времето кога го направи тоа …Ми се згади“.