Клекнал да ја запроси девојката, но место ДА добил „шлаканица“ – Мажи, внимавајте на прстенот! – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/22 8:00 PM

Клекнал да ја запроси девојката, но место ДА добил „шлаканица“ – Мажи, внимавајте на прстенот!

Многу луѓе сонуваат за својата венчавка и затоа им е важно се да испадне совршено.

Истото може да се каже и за веридбите, па затоа прстенот е една од најважните работи.

Една анонимна жена ја сподели својата исповед и откри како во 2019 година, во моментот кога момчето ја прашало дали ќе се омажи за него, се предомислила и рекла „не“ – додуша само на прстенот.

– Моето момче се обиде да ме запроси со прстен. Се согласив, се разбира. Бев воодушевена и извикав „Да“, но потоа, по случајност, го дознав потеклото на прстенот и реков- не. Дознав дека се работи за користен прстен, половен,  со кој пред мене ја запросил својата поранешна девојка. Сè уште сме во врска, но никогаш нема да го заборавам овој прстен и сигурно не планирам да го прифатам предлогот во блиска иднина – вели таа.

Веднаш доби многу критики бидејќи не ја прекинала веднаш врската, кога веќе не планира да го заборави и да го прости „гревот“ на искористениот прстен.

Извор: espreso.co.rs