Во Мариупол има 13 мобилни крематориуми – Се пали секое тело што ќе се најде на патот – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/22 6:00 PM

Во Мариупол има 13 мобилни крематориуми – Се пали секое тело што ќе се најде на патот

Во Мариупол има дури 13 руски мобилни крематориуми. Таму ги палат телата на Украинците за да ги прикријат масовните злосторства. Но, разузнавачите забележуваат дека овие крематориуми ги палат и руските војници за да го сокријат вистинскиот број на загуби.

Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина на својата Фејсбук страница објави дека руското раководство наредило да се уништат сите докази за воени злосторства во Украина.

Тие забележуваат дека, според разузнавачките податоци, во Мариупол работат дури 13 мобилни крематориуми, кои ги палат телата на убиените цивили.

Наводно, Русите поставиле и таканаречени филтрациони логори од кои ги издвојуваат и убиваат сите оние кои би можеле да сведочат за нивните злосторства. Украинската воена разузнавачка служба постојано евидентирала употреба на мобилни крематориуми во регионот на Черниговски. Снимена е и работата на непријателскиот мобилен крематориум во Новоајдар, во Луганската област. Но, разузнавачите известуваат дека овие крематориуми ги палат и руските војници за да го прикријат вистинскиот број на нивните војници кои загинале за време на руската агресија врз Украина и да избегнат да платат отштета на семејствата на убиените Руси.

извор: 24sata.hr

фото: www.vol.at/