Малото девојче го оствари сонот – Зарина Првасевда со концерт во „Филхармонија“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/22 3:34 PM

Малото девојче го оствари сонот – Зарина Првасевда со концерт во „Филхармонија“

Не постои човек, кој не беше воодушевен од изведбата на старата македонска песна „Билбил пее во планина“, во изведба на Зарина Првасевдка.

Која е? Од Каде е? Како е можно ова да биде толку добро?

Но, по неколку години ова девојче успеа да сними албум, кој го наслови како „ЕХО“ и кој со концерт ќе го промовира во петок во „Филхармонија“.

Овој петок, со почеток во 20 часот  Зарина Првасевда ќе го одржи својот прв солистички концерт, кој воедно ќе биде и промоција на албумот, кој, пак,  деновиве ќе излезе под етикетата на „Кроација рекордс“.

– Пандемијата ми отвори многу врати и со многу упорност и трпение дојдовме до овој концерт. Концертот е заокружување на првиот циклус  и нашето виртуелно дружење изминативе години по социјалните медиуми. Но,  сега  отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси.  Можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни  ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот, на остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, вели Зарина Првасевда.

Идејата за концертот потекнува токму од неа.

-Ја имав идејата и сакав да ја споделат таа музика која што ја носам во срцето, сметам дека овој албум го создадовме на начин кој верувам ќе допре до помладата публика, до публиката која што најверојатно не би имала шанса и прилика да ја спознае традиционалната музика. Короната малку не разниша, но можеби тоа беше добро, бидејќи ако тргневме со брзина на светлината како што и бев решена немаше да биде толку магично и убаво, изјави Зарина.

Малото девојче што сонува, Зарина на коцертот ќе ја придружува нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир.

Специјални гости на концертот ќе  бидат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија.

Весна Миленковска