„Голем проблем“, „Мојата учителка“, „Заспаното петле“, „Големиот лапач“ и уште многу детски хитови кои и сегашните деца ги пеат произлегоа од детскиот фестивал „Весело штурче“.
И кога мислевме дека повеќе нема место за детски фестивали, „Весело штуче“ се врати и по речиси 20 години пак се организира.
„Средината на септември ќе биде периодот кога ќе ечат новокомпонирани детски теми на „Весело штурче 2022“, а конкурсот за автори и изведувачи е веќе отворен“ – најави на прес конференција директорот на фестивалот Филип Стевановски.
Фестивалот ќе биде со ревијален каратер, а сите автори и композитори можат да се пријават на https://veselosturce.mk.
Се очекуваат апликации од цела држава и младите вокални таленти од 6 до 12 години.