(Видео) „Дрво пијан“ навивач на Мајнц го слави поразот на Баерн на „Алијанц Арена“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/22 1:03 PM

(Видео) „Дрво пијан“ навивач на Мајнц го слави поразот на Баерн на „Алијанц Арена“

Фудбалот знае многу да ни подготви на тој зелен тревен терен, но знае и да ни донесе многу необични приказни кога ќе заврши натпреварот.

На пример, како навивач на Мајнц видно пијан упадна на стадионот на Баерн Минхен за да го прослави испаѓањето на баварскиот клуб од Лигата на шампионите!

Токму такви снимки се појавија на интернет ден откако Баерн испадна од Лигата на шампионите по ремито со Виљареал. Со оглед на тоа што шпанскиот клуб славеше на првиот меч, Баерн остана без шанса да стане европски првак во четвртфиналето.

Сепак, на теренот на стадионот „Алијанц Арена“ се појави навивач на Мајнц, ни помалку ни повеќе! Натпреварот одамна беше завршен, на стадионот имаше техничари, сниматели и новинари кои ја привршуваа работата.

И тогаш се појави! Очигледно пијан, во дресот на Келн, не баш грациозно се симна од трибините, при што по пат се повреди. Потоа куцаше, но влезе на теренот, клекна и почна да пее со кренати раце.

Некои луѓе на шега забележаа на Интернет дека е добро што некој го снимил овој човек, бидејќи следниот ден тешко ќе се сети на неговиот „подвиг“. Се слушаше како се смее околу него, а еве како изгледаше тоа:

извор: Mondo.rs