Министерството за внатрешни работи соопшти дека интензивно се работи на расчистување и санкционирање на случај со земање мито од страна на полициски службеници на граничниот премин Блаце.
– Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на МВР.
Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.
❗️Се сеќавате на Раководителот на смена на Блаце, Шкрета Елхам оној што му даваше БЕСА на Заев ?
❗️Еве го вечерва на работа, снимен како зема 120евра мито. 💶
–
📽 Гледај после 22ра минута 👉https://t.co/9a9qoLuMHz pic.twitter.com/buz4vttqYC— Демир (@Trollowsky) April 12, 2022
Набргу потоа е уапсен е началникот на смена на граничниот премин Блаце кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патници кои влегуваат во Македонија, потврди заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21.