Рекордното боледување во Црна Гора траело подолго од шест години објави црногорскиот Фондо за здравствено осигурување кој се сомнева во можни злоупотреби на боледувањето, најчесто од луѓе кои се распоредени на работна позиција што не им одговара или не се во добри односи со менаџментот.
Во Македонија, најдолгото боледување е 1524 дена, но за малигно заболување. Според податоците на ФЗОРСМ од 2021 година бројот на барања за боледување до 30 дена бил 3044. Најмногу, 8845 барања се поднесени за боледување од 30 до 100 дена, потоа 3143 барања имало за од 100 до 200 дена, 669 барања за боледување од 200 до 300 дена, 319 барања за боледување од 300 до 400 дена, а само 50 барања се за боледување од 400 до 500 дена.
Над 500 дена има 12 отворени боледувања, кои се уште трааат. Еве преглед на тие боледувања:
Датум на исплата Од | Датум на исплата До |
Времетраење |
06.2.2018 |
10.4.2022 |
1524 |
13.4.2018 |
25.4.2022 |
1473 |
01.10.2020 |
31.12.2022 |
821 |
01.4.2020 |
15.4.2022 |
744 |
31.7.2020 |
02.5.2022 |
640 |
23.9.2020 |
20.5.2022 |
604 |
03.9.2020 |
30.4.2022 |
604 |
23.9.2020 |
10.4.2022 |
564 |
23.10.2020 |
29.4.2022 |
553 |
28.10.2020 |
30.4.2022 |
549 |
27.10.2020 |
16.4.2022 |
536 |
03.12.2020 |
30.4.2022 |
513 |
Фондот за Здравствено осигурување нема податоци за злоупотреби направени од граѓаните, но располага со податоци за направени пропусти во постапката за отворање на боледување од матичните лекари, специјалисти или членови на лекарски комисии.
„Во делот на прашањето за злоупотреба или неоправданост на боледувањата, констатираните неправилности, се всушност пропусти на лекарите од административна природа и не можат да се поистоветуваат со злоупотреби на боледувања. Фондот не може да утврди неоправданост или злоупотреба на контролираните боледувања и секое боледување за кое што постои некаков сомнеж дека не е издадено согласно законските норми и медицина базирана на докази се препраќа во Лекарската комора, ДСЗИ и Министерството за здравство“, велат од ФЗОРСМ за ММС.
Првите три месеци годинава од 39 контроли на боледувања што ги направил Фондот кај 11 констатирале неправилности во делот на неуредна евиденција во медицинската документација, неисполнети дијагностички постапки за дијагнозата за која е издадено боледувањето и незапазена временска рамка (времeтраење на боледувањето), согласно Правилникот и Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа, ретроактивно отвoрање на боледување, односно непридржување на законските и подзаконски акти на Фондот при издавање на боледувањата.
„Во периодот од почеток на пандемијата со ковид-19 до крајот на 2021 година, од извршени се 162 контроли на боледувања во здравствени установи и лекарски комисии на ФЗОРСМ и константирани се неправилности во 33 контроли. По извршените контроли записниците/извештаите со констатирани неправилности се доставeни до Koмисијата за оценување на услови за изрекување на договорни казни, која е мериторна за понатамошно постапување, односно санкционирање со парични казни согласно договорните обврски од договорот склучен со Фондот“, соопштија од Фондот за здравство.
Најчудниот случај на боледување кај нас е случајот во кој матичен лекар фалсификувал документи за оценка за привремена спреченост за работа од лекарските комиисии, (за да издаде оправдано боледување покриено со документација), поради тоа што доцна ги поднел документите до лекарските комисии.
„Лекарот документите на пациентите ги препраќал ненавремно до лекарските комисии. Контролите на на ФЗОРСМ кај овој матичен лекар откриле шест вакви предмети и за овој случај се води истрага, откога предметот беше доставен до ДСЗИ кој понатаму го предаде во ОЈО. Поради ваквото работење на матичниот лекар, има сознанија дека една пациентка има изгубено работно место“, открија од Фондот за здравствено осигурување.
Орце Костов
фото: МИА