Најмоќната жена во фудбалот на крстопат – Грановскаја бира помеѓу Абрамович и Челзи? – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/22 9:59 AM

Најмоќната жена во фудбалот на крстопат – Грановскаја бира помеѓу Абрамович и Челзи?

Најмоќната жена во светскиот фудбал Марина Грановскаја не го напушти Челзи со Роман Абрамович. Поради војната во Украина и санкциите кои беа воведени, рускиот бизнисмен беше принуден да го продаде клубот, а тоа треба и официјално да биде готово во следните неколку недели.

Затоа сега сите се прашуваат кому сега Марина ќе му биде верна. Челзи или Абрамович? Особено што претходните денови се зборуваше дека богатиот Русин наскоро би можел да купи нов клуб, се споменува и Валенсија и јасно е дека ја сака во нов потфат. Сега ја чека тешка одлука.

Угледниот портал „Атлетик“ пишува дека сите четворица потенцијални купувачи на лондонскиот клуб имале едно барање при давање на понудата, а тоа е Грановскаја да остане таму. Затоа се двоуми, но чека да види кој ќе стане нов сопственик и какви се нивните планови.

Грановскаја и Абрамовиќ соработката ја започнаа во 2010 година, а три години подоцна влезе во Управниот одбор на „сините“. Стана спортски директор и со неколку феноменални потези брзо се стави себеси и клубот на картата.

Колку е добра во работата најдобро говори фактот што минатата година ја освои наградата за најдобар спортски директор во светот на фудбалот.

извор: Mondo.rs

фото: www.caughtoffside.com/