Пејачката Бритни Спирс е бремена.
Таа радосната вест ја објави на својот Инстаграм профил.
– Ја изгубив посакуваната тежина за да изгледам одлично на одмор на Мауи, но повторно се здебелив. Се прашував што се случува со мојот стомак, на што мојот сопруг ми рече дека можеби сум бремена. Веднаш го направив тестот и испадна дека чекам бебе. Стомакот полека ми расте. Ако носам близнаци, можеби нема да можам да ја носам бременоста до крај. Решив да не излегувам од дома бидејќи на тој начин папараците ќе заработат многу пари од моите фотографии, какви што, за жал, секогаш заработувале. Сето ова е уште потешко бидејќи имав перинатална депресија во текот на претходните две бремености, што е навистина, навистина тешко, напиша таа и додаде:
View this post on Instagram
– Луѓето тогаш јавно не зборуваа за тоа. Многумина тогаш мислеа дека не е добро за бебе ако мајката се жали за време на бременоста, но сега жените отворено зборуваат за тоа. Фала му на Бога што не мора да го задржуваме сето она што го чувствуваме за себе. Овој пат ќе се посветам на јогата за време на бременоста, и тоа секој ден, напиша таа.
Пејачката од претходниот брак со Кевин Федерлајн веќе има два сина, Шон Престон и Џејден Џејмс.