Купивме шест американски оклопни возила од САД, ќе стасат во јуни, рече Петровска – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/22 2:57 PM

Купивме шест американски оклопни возила од САД, ќе стасат во јуни, рече Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека најмногу средствата во одбраната се насочени кон купување нова софистицирана опрема, а испораката на првите, како што е најавено, шест американски оклопни возила ќе почне некаде во јуни оваа година.

Најголемиот дел, повеќе од 30 проценти се вложува во модернизација.

– Минатата недела го донесовме и планот за набавки од областа на одбраната и безбедноста, но преку договори Влада со Влада. Таму има опфатени осум проекти кои се однесуваат и на зголемување на капацитетите, на одбранбени капацитети на лесниот пешадиски баталјон. Меѓутоа набавки и во областа на артилерија и други набавки кои се потребни за армијата. Сите тие набавки се прават согласно долгорочниот и среднорочниот план за развој на армијата, нагласи министерката Петровска, која денеска беше на армискиот полигон Криволак каде се реализираше Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22.

МИА