Пробиштипјанец нападнал полицаец, а во штипската Клиничка болница се однесувал агресивно – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/22 1:40 PM

Пробиштипјанец нападнал полицаец, а во штипската Клиничка болница се однесувал агресивно

Пробиштипјанец бил приведен во штипската полиција. Тој агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал во штипската Клиничка болница, а физички нападнал и полицаец.

„ Вчера службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода З.К.(55) од Пробиштип бидејќи околу 23.00 часот во Клиничка болница Штип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија,“ информираат од СВР Штип.

Тој бил задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.