Мајката на прегазената Викторија Николова во плач ја дочека пресудата за возачот што ја прегази нејзината ќерка на пешачки премин кај „Сити Мол“ во Скопје. Изречената пресуда од три годни затвор за возачот, што е една година помалку од предвиденото за ова кривично дело, ја коментираше таткото на Викторија.
„Згрозени сме од оваа држава. Од судството и затоа има толкав процент на недоверба. Нула проценти! Друго немам ништо. Згрозени сме ние како фамилија. Немам зборови. Затоа сите ја напуштаат оваа држава, рече таткото на Викторија.
Пресудата не е правосилна. Адвокатите на семејството Николови, ја оценија како да е ослободителна и најавија дека од Обвинителството ќе бараат да поднесе жалба.
Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол”, при што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.
фото:принскрин