Фудбалот не престанува да не воодушевува! Што да кажеме за изненадувањето што се случи на натпреварот во Италија, каде голманскиот гол на целиот терен може да биде клучен во борбата за влез во Серија Б! А да биде полудо, голот се случи во продолженија!
Голманот на Модена, Рикардо Гањон, постигна неверојатен гол во 91. минута од натпреварот против Имолезе, кој му донесе победа на неговиот тим од 2:1.
Овој триумф им даде голем поттик во борбата за враќање во Серија Б, бидејќи Модена веќе е на првото место во третото натпреварување.
Резултатот беше 1:1 кога во продолжението, 24-годишниот голман реши да ја шутира топката подалеку, за да му помогне на тимот да се доближи до голот на ривалот. Не ни сонуваше дека неговиот удар ќе и донесе победа на Модена.
Топката се одби и го префрли голманот Џан Марија Роси од Имолезе, на голем шок кај сите присутни. Погледнете како тоа изгледаше: