„Не правете грешка, ништо не е готово“ – Макрон ги поздрави сите кандидати од првиот круг, напаѓајќи ја визијата на Марин Ле Пен – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/22 8:29 AM

„Не правете грешка, ништо не е готово“ – Макрон ги поздрави сите кандидати од првиот круг, напаѓајќи ја визијата на Марин Ле Пен

Емануел Макрон, кој им се обрати на неговите симпатизери од неговиот штаб лоциран на  Порт де Версај, прво им оддаде почит на сите кандидати присутни во првиот круг, заблагодарувајќи се за пружената доверба, давајќи ги ориентациите на неговата програма за која ќе се гласа на 24 април, јави дописникот на МИА.

-Вашата доверба ме почестува, ме обврзува и ме ангажира. Можете да сметате на мене дека ќе го реализирам овој проект на напредок, отвореност и независност на Франција што го браневме за време на оваа кампања, увери претседателот во заминување.

Тој ги повика сите оние кои шест години и до оваа вечер се обврзаа да работат покрај него да се надминат себеси, да се соберат во големо движење на акција за него.

-Сакам да ги поздравам сите присутни кандидати во првиот круг. Ве молам аплаудирајте им. Од почеток и секогаш со сила ги браниме уверувањата, но со почитување на секого. Ви благодарам за тоа. Го знам разочарувањето на кандидатите чии имиња штотуку ги спомнав. Би сакал да им се заблагодарам на Ан Идалго, Јаник Жадо, Валери Пекресе и Фабиен Русел, кои ми ја дадоа својата поддршка оваа вечер.

Притоа тој ги повика избирачите да не прават грешка, бидејќи се уште ништо не е готово.

-Дебатата што ќе ја имаме во следните две недели е одлучувачка за нашата земја и за Европа. Дали сакаме независна Франција затоа што е силна економски, еколошки, земјоделски и културолошки? (…) Дали сакаме Франција каде што, преку екологијата, ќе се намалат сметките за парно и електричниот автомобил за сите? Дали сакаме Франција која продолжува да и верува на науката, разумот, компетентноста, како што тоа го правевме во последните години, порача кандидатот за претседател.

„Сакам Франција која решително се бори против исламистичкиот сепаратизам, но не и Франција која ги спречува муслиманите и Евреите да јадат според (прописите) на нивната религија. Сакам Франција која е дел од силна Европа, а не Франција која ја остава Европа со сојузници само меѓународната популисти и ксенофоби, напаѓајќи ја притоа Марин Ле Пен“.

МИА