Купила „ролс ројс“ ама го враќа, бидејќи нема пари за гориво – Пејачката Нада Топчагиќ на мака – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/22 7:20 PM

Купила „ролс ројс“ ама го враќа, бидејќи нема пари за гориво – Пејачката Нада Топчагиќ на мака

Пејачката Нада Точагиќ, чии хитови пее и Златан Ибаимовиќ, на својот Фејсбук профил објави фотографии од новиот „Ролс Ројс“ кој и пристигнал, но сега, пак,  не го сака.
– Ролс Ројс конечно пристигна, феноменален е, но го враќам, бидејќи пристигна во време кога горивата поскапеа, а троши околу 25-30 литри на 100 км! Сепак, се враќам на мојот „Ренџ Ровер“, напиша Нада:

Но, Нада во следната објава откри дека се пошегувала и дека автомобилот не е нејзин, туку на нејзин пријател.
– Дефинитивно, мојот сопруг Златко ме увери дека колку луѓето тврдат дека ме познаваат, а веруваат во секакви глупости што се објавуваат за мене. Ми кажа и дека ќе видам многу злоба во коментарите. И тој беше во право. Ваква кола не би земала бесплатно, а камоли да дадам толку пари за неа. Никогаш не сум патела за автомобил, заради престиж, туку само да служам за да ме превезат. Има многу попаметни работи во кои треба да се инвестира. Ова е автомобилот на нашата пријателка која ме однесе до Милано на роденденот на Ибрахимовиќ – откри Нада, која малку се пошегува со пријателите на Фејсбук.