Кривични пријави против Заев и Димитров од Светскиот македонски конгрес – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/18 9:56 AM

Кривични пријави против Заев и Димитров од Светскиот македонски конгрес

Светскиот македонски конгрес на чело со Тодор Петров денеска поднесе кривични пријави против премиерот, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров поради формирањето на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.

Спогодбата Димитров-Коѕијас не е ратификувана во согласност со Уставот, не е дел од внатрешниот правен поредок на Македонија и секое дејство за спроведување на Спогодбата пред да стапи во сила е кривично дела – сметаат од Конгресот.

Петров денеска информираше дека поднеле и Приговор до Државната изборна комисија за заштита на избирачкото право од незаконско финансирање на Владата и парламентарното мнозинство од државниот буџет за кампањата за референдумот.

Петров кој оценува дека Спогодбата од Преспа не го заштитува македонскиот идентитет.

На денешната прес конференција исто така,  беше соопштено и дека Светскиот македонски конгрес објавил јавен повик за пријавување волонтери набљудувачи за референдумот.