Нуклеарниот Пакистан го смени премиерот поради Путин – Парламентот сака добри односи со САД – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/22 11:00 AM

Нуклеарниот Пакистан го смени премиерот поради Путин – Парламентот сака добри односи со САД

Шебаз Шариф најверојатно ќе биде следниот, 23-ти пакистански премиер, иако тој е малку познат надвор од неговата земја, каде што има репутација на ефективен менаџер и директор, повеќе од политичар. Тој е помлад брат на Наваз Шариф, кој во три наврати беше премиер на Пакистан, пишува Ројтерс.

Долниот дом на пакистанскиот парламент гласаше за смена на актуелниот премиер Имран Кан, одлуката беше донесена по кавгата која траеше 14 часа меѓу членовите на опозицијата и владејачката партија на Кан, а Шебаз ја предводеше иницијативата на опозицијата како нејзиниот кандидат за премиер.

Аналитичарите велат дека Шебаз, за ​​разлика од Наваз, има пријателски односи со пакистанската војска, која традиционално ја контролира надворешната и одбранбената политика на 220-милионската јужноазиска земја, која поседува нуклеарно оружје.

Шебаз веќе изјави дека сака добри односи со САД, што е спротивно на Кан. На самиот почеток на руската инвазија на Украина, Кан беше во официјална посета на Владимир Путин, потоа Пакистан беше воздржан кога беше изгласано да се осуди руската агресија, додека тие одбија да воведат санкции кон Русија.

извор: Mondo.rs

фото: CNN