Пред 18 години светот ја чекаше долго најавуваната венчавка на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Се беше подготвено за „спектаклот на деценијата“, а потоа Бен Афлек ја раскина свршувачката неколку дена пред свадбата.
По неуспешната врска, Џенифер му се врати на поранешниот партнер Марк Ентони, со кој има две деца, а потоа се забавуваше со Алекс Родригез, кој исто така ја запроси, но наводно го остави поради неверство, за да заврши во прегратките на оскаровецот Бен Афлек.
Афлек сега наводно повторно ја запросил Лопез, која на Твитер објави видео со емотиконот на свршеничкиот прстен и натпис „Имам нешто да ви кажам“.
Медиумите објавија дека таа се мажи, а твитерџиите се убедени дека повторно ќе ја остави пред олтар“.
Major announcement!!!! https://t.co/G5oGxtX0z5 pic.twitter.com/HTIqbHMJ2M
— jlo 💍 (@JLo) April 9, 2022
извор и фото: Твитер


