Бизнисмените се продадоа на политичарите и сега плачат – Рафајловски во Стадион – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/22 11:26 AM

Бизнисмените се продадоа на политичарите и сега плачат – Рафајловски во Стадион

Економистот Горан Рафајловски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 зборувајќи за моменталната поставеност на македонската економија рече дека проблемот е во тоа што бизнисмените наместо да си ги водат компаниите, почнаа да влегуваат во политика и да купуваат политичари. Со тоа, 80% од компаниите ги загубивме.

-Политичарите така станаа нивни газди. Не само што политиката не одделена од бизнисот, туку е директен чинител. Некои го нарекуваат корупција, некои партнерство. Партнерство не може да бидеа ако политичарот не вложува, туку го дава тоа што го има државата и за тоа наплаќа.  И сега бизнисмените плачат. Сопствениот залет го исплаќаат и не можат да се раздолжат. Сосема погрешна перцепција, кажа Рафајловски.

Рафајловски смета дека Македонија влегува во транзиција на бизнис моделот. Младите луѓе одат во политика да се вработат а не да ја променат државата. Тие што не сакаа преку политиката да доаѓаат до работа, си заминаа.

-Тоа го покажа пописот – требаше да бидеме 2,5 милиони, а ние реално сме 1,6 милиони. Наеднаш направивме да нашата земја е тотално неконкурентна. Македонија има 400.000 пензионери, 300.000 деца, што е добро, а и тие не е знае колку навистина се во земјата и 520.000 вработени во реален сектор. Како тогаш сме самоодржливи како држава?! Ние ништо не правиме да бидеме самоодржливи. Ако ја земеме администрацијата, бројот на вработени не е еднаков на бројот на  пензионери. Треба 3,5 – 4 вработени на еден пензионер треба, да за дадете одржливи пензии. Од државен буџет од 4,5 милијарди, 700 милиони одат за поддршка на пензиите, додека порано се издвојуваа 260 милиони. Значи 17%  од буџетот трошите за пензии. Или 70-80% државниот буџет има чист трошок. Фирма која има таков буџет пропаѓа. Ние сме држава па не пропаѓаме, вели Рафајловски во Стадион.

Според него, во буџетот од 4,6 милијарди, самите реално обезбедуваме 2,8 – 3 милијарди, другото се позајмици и тоа што никој не го кажува е инфлација.